ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Анкета: Граѓаните очекуваат Огнените да се борат против криминалот

Одговорноста и транспарентноста како и борбата против криминалот и корупцијата во ДУИ се очекувањата на граѓаните од битката на Огнената група. Ова го покажува истражувањето спроведено во периодот февруари-март од компанијата „Маркет вижн“. 15,3 отсто од граѓаните бараат „отчетност, доверба, слушање на барањата на граѓаните и работа во интерес на граѓаните“. 13 отсто изјавиле дека бараат „спречување на криминалот и корупцијата, чесност, а не личен интерес“. Истиот процент од 10-13 проценти варира и за потребата од нови работни места, спречување на иселувањето, економски раст и животен стандард.

На прашањето што треба да им биде основна политичка цел ако Огнената група формира нов субјект, 45,3 отсто од граѓаните се изјасниле дека приоритет треба да се даде на борбата против криминалот и корупцијата.

Истражувањето дава и податоци и за односот на ДУИ кон гласачкото тело. 25,5 отсто од испитаниците оцениле дека ДУИ е достојна за членство во НАТО додека 23,4 отсто од нив сметаат дека ДУИ го губи контактот со гласачкото тело и членството. 13,5 отсто сметаат дека влезот на АА во Владата е спас на вицепремиерот Артан Груби, додека 17,6 отсто сметаат дека влезот на Алијанса го олеснува патот кон интеграција во ЕУ.

Што се однесува до претстојните парламентарни избори, за ДУИ би гласале 25,4 отсто, за огнената група 8,4 отсто доколку се организираат во нова партија, а иста поддршка има и Движењето Беса и Алијанса за Албанците со 7,7 отсто. Алтернатива ужива само 1,3 отсто поддршка според испитаниците.

Според оценките на граѓаните врз основа на избирачките единици за Али Ахмети преовладува позитивно мислење и тоа 20 отсто во изборните единици 1, 2 и 3. Груби во сите избирачки единици ужива позитивно мислење под 20 отсто, додека најголем процент на негативно мислење кон него е забележано во ИЕ број 2, единица 5 и единица 6. Покрај Ахмети и Груби, за Меџити поголемо негативно мислење има во 5-та ИЕ, додека во единиците 1,2. 3 и 6 граѓаните се изјаснија дека имаат позитивно мислење од 29,8 до 38,7 отсто. Последниот процент се однесува на позитивното мислење за Меџити во ИЕ број 2.

Алсат вчера повикувајќи се на анкетата објави дека Изет Меџити иако не е лидер на партија граѓаните за него имаат најпозитивно мислење, а најнегативно мислење од граѓаните ужива првиот вицепремиер Артан Груби. имено околу 60 проценти. Меџити е рангиран во групата политички лидери, уживајќи 43,5 отсто од општата поддршка, а пред него се само Али Ахмети со 48,9 отсто и Арбен Таравари со 46 отсто. Процентите се однесуваат на мислења категоризирани како „главно позитивни“ и „целосно позитивни“.

Анкетата е спроведена од 17 февруари до 5 март на терен и биле вклучени 1.065 албански граѓани на возраст од 18 до 80 години. Компанијата што го спроведе истражувањето има соработувано со Владата, Министерството за образование, Министерството за земјоделство, Министерството за транспорт, Агенцијата за електронски комуникации, Македонската царина и други државни институции.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button