ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Артан Груби почна да го повикува духот на Али Ахмети

Артан Груби почна да го повикува духот на Али Ахмети

Кокетирањето на Артан Груби со лидерот на партијата Али Ахмети преку кампањата „Ахметовиот дух“ и „Ахметисти“, од Огнената група во партијата го оценуваат како грдо. Според потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, колку и да се бара од Груби да не се крие зад Али Ахмети, тој намерно го прави спротивното.

„Колку повеќе му велиме да не се крие зад Али Ахмети, толку повеќе оди под негова сенка. Кокетирањето на Артан со Ахмети изгледа многу безобразно како оние кои те прегрнуваат, а те задушуваат. Идеолошкиот дух обично е континуитет откако лидерот ќе замине. Се чини дека на Артан не му се чека многу, па почна да се претставува како лидер на ДУИ“, рече Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Меџити овие тврдења ги темели на изјавите на министрите кои, според него, се под целосен диктат на Груби.

„Во минатото велевме дека проектите го носат печатот на Али Ахмети и ДУИ. Денеска министрите велат дека проектите имаат печат на Артан“, додаде тој.

Разни интелектуалци реагираа на кампањата што ја покрена Груби, кој им порача на граѓаните дека се следбеници и поддржувачи на духот на Ахмети.

Да се повикуваш на ‘Ахметовиот дух’ при жив лидер на партијата е повеќе од незнаење, а кога гледате како болвите аплаудираат на ваков погребален чин, не знам дали да се смеам или да плачам на кое ниво сме стигнале како народ.

И покрај реакциите, освен Груби, кампањата за Ахмети на социјалните мрежи ја поддржаа многу други експоненти на власта и функционери на ДУИ со прикачување фотографии на Ахмети и неговите препораки како лидер да молчат, да издржат и да дејствуваат./Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button