ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Зголемувањето на минималецот за 2.200 денари, недоволно

Зголемувањето на минималецот за 2.200 денари, недоволно

Во време на финансиска криза кога цените на производите и услугите вртоглаво пораснаа, растот на платите стагнира. Прво, се зголемија цените на енергенсите, како резултат на тоа се зголемија цените на транспортот, услугите и прехранбените производи. Но, на крајот и минималната плата лани се зголеми за 2.800 денари. Годинава најавено е дека од март таа ќе порасне за дополнителни 2.200 денари, со што корист ќе имаат 80.000 вработени. Но, дали ова покачување за нешто повеќе од 10% е доволно кога се знае дека цените на храната се зголемени за над 30%, а потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство достигна 52 илјади денари месечно.

„Минималната плата во 2016 година беше 10.080 денари, во следните две години се зголеми за 20%, додека во 2020 година достигна 14.500 денари, која по една година порасна за 5%. Во 2022 година минималната плата стана 18.000 денари, додека од март се очекува таа да се зголеми за околу 12% или 20.200 денари“, велат од Влада.

Лани кога најниската плата беше зголемена од 15.200 на 18.000 денари, Собранието изгласа спроведување на измените на Законот за минимална плата. Државата од Буџетот издвои скоро милијарда денари за покривање на вкупната разлика на минималната плата за 10-те месеци од ланската година. Новото покачување од пролетва надлежните сè уште не соопштуваат колку ќе ја чини државата. Економските експерти велат дека минималната плата се очекува да ја зголеми и просечната плата во јавниот и приватниот сектор.

„Со оглед на тоа што минатата година имавме пораст на инфлацијата и на страната на понудата, се појави потреба да се балансира и минималната плата. Дали е тоа доволен процент за покривање на сите покачувања на трошоците за живот е релативно, но сепак не е доволен. Секое зголемување на платата е добредојдено, но колку тоа ќе може да ги задоволи сите потреби на луѓето е проблематично. Знаеме дека луѓето имаат многу поголеми трошоци од приходите во семејниот буџет“, рече Шенај Хаџимустафа, експерт по економија.

Покрај минималната плата, од март ќе се зголемат и платите на администрацијата за по 2.000 денари./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button