СПОРТФУДБАЛ

Артета: Мораме да го наметнеме нашето темпо, за да го победиме Баерн

Арсенал по долго време конечно е во битка за два големи трофеи при самиот крај на сезоната. „Топчиите“ покрај тоа што се лидери на Премиер Лигата се и во четвртфиналето од Лигата на Шампионите каде ги очекува двомеч против Баерн Минхен.

Првиот натпревар ќе биде одигран во Лондон, а пред него за медиумите говореше тренерот на Арсенал, Микел Артета кој имаше само пофални зборови за германскиот противник.

„Уживаме во секој момент. Тука сакаме да бидеме. Во многу добра позиција сме и во Премиерлигата и во Лигата на Шампионите. Пред нас е тешка задача, играме против еден од најуспешнтие и најголеми клубови во Европа. Јас сум голем фан на Томас. Кога длабоко ќе ги анализирате сфаќате зошто се толку добар тим. Добро се подготвивме за овој натпревар и мораме да го наметнеме нашето темпо, тоа е единствениот начин на кој може да победиме“, изјави шпанскиот стратег.

Арсенал ќе има и дополнителна мотвација за утрешниот натпревар со оглед на тоа како заврши претходната средба против Баерн Минхен.

Во последната сезона на Арсенал во Лигата на Шампионите токму баварците беа оние кои го елиминираа англискиот тим, нанесувајќи го еден од најтешките порази во историјата на клубот со резултат 5-1 и тоа во двете средби.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button