СПОРТФУДБАЛ

Аталанта против Марсеј, Леверкузен кај Рома во полуфиналето на Лига Европа

Фудбалерите на Аталанта, Леверкузен, Олимпик од Марсеј и Рома вечерва се пласираа во полуфиналето на Лига Европа.

Ливерпул ја победи Аталанта со 1:0 во Бергамо со голот на Мохамед Салах од пенал во седмата минута, но недоволно за да се надополни негативата од 0:3 на „Енфилд“.

Продолжува серијата без пораз на Леверкузен. Новиот германски шампион избегна пораз од 1:1 на гостувањето кај Вест Хем, со голот на Џереми Фримпонг во 89. минута и по 2:0 во првиот меч остана во игра за тројната круна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button