СВЕТ

Бајден: Ако Трамп одбива трансфер на власта ќе се зголемат случаите на Ковид-19

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден предупреди дека бројот на жртвите од коронавирусот ќе се зголеми доколку администрацијата на Доналд Трамп продолжи да го блокира трансферот на власта. Бајден рече дека тоа може да се случи особено ако Трамп не споделува информации за дистрибуцијата на вакцината против вирусот пред денот на инаугурацијата на 20 јануари. „Повеќе луѓе можат да умрат ако немаме координација“, рече Бајден на прес-конференција во Делавер. Трамп одбива да го признае поразот и на Бајден не му дозволува увид во чувствителните државни информации.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button