ВЕСТИРЕГИОН

Блинкен им честита на Вучиќ и Курти

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен преку соопштение го поздрави напредокот што Косово и Србија го постигнаа со посредство на Вропската Унија за имплементација на Договорот од 27 февруари за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Во соопштението, објавено на официјалната интернет-страница на Стејт департментот Блинкен им честита на српскиот претседател, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти за нивното лидерство во постигнувањето на согласност за имплементација на Договорот.

Исполнувањето на обврските од страна на Косово и на Србија од Основниот договор како дел од одржливата заложба за помирување ќе обезбеди значителни можности за луѓето луѓето од двете земји и ќе го забрза нивниот пат кон членство во Европската Унија.

„Соединетите Држави ќе продолжат да бидат активно ангажирани, во координација со партнерите од ЕУ, да ги поддржуваат Косово и Србија во остварувањето на предвидливи и мирни односи. Ќе продолжиме да го поддржуваме унапредувањето на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан“, вели Блинкен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button