ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Брзите ковид – тестови, бавно пристигнуваат до граѓаните

Уште не распределени низ целата земја, а 1/3 од брзите тестови се веќе искористени во девет пуктови. Дневните извештаи за ИЈЗ покажуваат дека веќе се потрошени над 4.400 брзи тестови. Иако со 20 дена задоцнување денеска во Куманово започна спроведувањето на антиген тестовите. Но, тамошните здравствени власти велат дека добиле само 250 единици кои очекуваат дека ќе завршат за пет дена. Од Министерството за здравство велат дека за овие тестови треба и обучен кадар.

„Во петокот на 20 ноември се одржаа обуки за медицинскиот персонал кој треба да спроведува брзи тестови во здравствените домови во Куманово, Велес, Битола, Кочани, Делчево, Кавадарци. Во текот на оваа недела се очекува да се започне со спроведување на брзи антигени тестови на сите овие локации.“

Иако тестовите стигнаа, тешко е да се дојде до слободен термин, се жалат пациентите. Лекарите вината го гледаат во системот „Мој термин“ преку кој матичните лекари пополнуваат алгоритам за итни случаи. Но, лекарите кои работат во одделенијата за заразни болести велат дека токму матичните лекари се оние коишто ја занемаруваат работата со рано закажување термини за тестирање за да не им се влоши здравјето на пациентите и да бидат хоспитализирани.

„Најголемиот проблем е што матичните лекари треба да вложат поголем напор и правилно да ги прегледаат пациентите. Не велам дека сите се такви, но огромното мнозинство не ги третираат пациентите и доаѓаат тука без никакви анализи, доаѓаат директно и оние со многу благи симптоми, а тоа ни одзема време за оние кои навистина имаат проблем и се хоспитализирани.“

Актуелните 13 илјади брзи тестови државата ги доби како донација на почетокот на месецот. Од Министерството за здравство ветија дека ќе нарачаат нови 100.000 вакви тестови, но од тоа сè уште нема ништо конкретно.

Аднан Ќаили

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button