ВЕСТИЕКОНОМИЈАРЕГИОН

Бугарија започнува преговори со Азербејџан за испорака на гас

Продолжува неизвесноста до кога земјава ќе има непречени испораки на природен гас, по одлуката на руски Гаспром да го прекине снабдувањето кон Бугарија, бидејќи одби овој енергенс да го плаќа во руски рубљи. Еднинствениот гас кои што се користи во земјава е руски и засега нема донесена одлука за негова замена. Бугарските власти најавуваат решение до крајот на оваа недела, а веќе се почнати разговори со Азарбејџан за можна замена на рускиот гас.

„Бугарската влада работи на директно склучување на договори за испорака на гас. Во моментов работиме на испораки од Азарбејџан, бидејќи цената според суспендираниот договор е четири пати пониска од онаа по која моментално добиваме руски гас“, рече Лена Бориславова, шефица на кабинет на бугарскиот премиер.

Бугарија како транзитна земја е единственото решение за проток на гас во земјава се додека не се изгради најавената гасна централа и постројка за гасификација Алексанрополис, во Грција. Во текот на утрешниот ден лидерите на земјите од регионот, меѓу кои и македонскиот премиер Ковачевски, заедно со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе ја официјализираат изградбата на терминалот која се очекува да заврши за 20 месеци.

„Проектот ќе понуди нови извори и рути за набавка на природен гас и ќе ја зголеми безбедноста на набавката во Грција, Бугарија и другите земји во регионот“, рече Мишел.

Со гасното поврзување со соседна Грција, земјава нема веќе да биде зависна само од рускиот гас. Просечната потрошувачка на природен гас за една година во земјава се околу 400 милиони метри кубни, што во најголем дел се трошат за потребите со парно греењето во зимските периоди. Од почетокот на годината досега биле увезени речиси 130 милиони кубни природен гас.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button