ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарските коментари на македонскиот Акциски план на разгледување во Скопје

Во наредниов период властите во Скопје ќе ги разгледуваат коментарите што пристигнаа од Софија на македонскиот предлог Акциски план, по што ќе биде изградена јасна позиција на земјава во обид за враќање на довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија и одблокирање на нашиот европски пат.

Специјалниот пратеник за Бугарија, Владо Бучковски вчера во изјава за МИА нагласи дека секоја негова службена комуникација на релација Скопје – Софија е во функција на предложениот Акциски план од наша страна, кој содржи конкретни чекори во делот за поврзување преку Коридорот 8, соработката во образованието, енергетиката, културата, економијата, информатичкото општество.

– Сето тоа треба да создаде доверба меѓу владите и државите, помеѓу народите меѓу двете држави. Без разлика на интензитетот на мои патувања и средби, очигледен е интересот на двете страни да не се дозволи замрзнување на односите или комуницирање само преку медиуми или преку посредници. Нашата блискост како два народи и две држави со заеднички моменти од минатото и заеднички погледи кон историјата не упатува и двете страни да преземаме чекори до наоѓање решение, а ваквите работни средби се токму чекор напред кон решение, нагласи Бучковски.

Бугарското Министерство за надворешни работи во понеделникот соопшти дека Бугарија предложила „акциски план за соработка со Република Северна Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“ и оти документот се однесува на сите ресорни министерства, а се очекува да биде потпишан на следниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија (согласно член 12 од Договорот).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button