ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Дали министрите ги скратија трошоците за стоки и услуги?

На почетокот на следниот месец сите министри и директори на јавни претпријатија ќе треба да поднесат финансиски извештаи за тоа дали се придржувале кон донесените мерки на Владата за штедење. Извештаите треба да покажат дали функционерите ги намалиле за 10 проценти трошењето за стоки и услуги, и за 50 проценти репрезентациите и спонзорствата. За граѓаните трошењето на народните пари и наттаму е нерационално.

„Нерационално и непродуктивно се трошат парите и жал ми е наши пари се. На пример во парламентот не работат, работното време треба да се почитува, работните обврски кодекс на етика и т.н. јавни набавки треба да бидат на пример за школите да имаат во тоалетите сапуни за деца, тоалетна хартија и средства против Ковид“…

„Трошат, трошат само сега нема толку пари за да се трошат, кој како сака така прави…“

„Леле уште ли коментар треба да дадам катастрофа…“

Прашање: Koja e вашата перцепција дали ќе почнат да штедат?

„Не, никогаш. Треба ли 120 пратеници? Што ќе ни се толку на нас, знаете колку трошоци се тие…“њ

„Треба да грижат повеќе за народот, а никој не се грижи за народот“, реагираат граѓаните.

Покрај мерката за штедење која треба да се почитува, најавата на Владата е дека со ребаланост на буџетот за 100 милиони евра ќе се намали ставката за стоки и услуги. Во оваа ставка влегува купувањето на нови возила и мебел, службени патувања, реклами, спонзорства и рекламации за која се одвоени 327 милиони евра.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button