ВЕСТИСВЕТ

Данската влада планира да воведе задолжителен воен рок за жените

Данските власти најавија дека планираат да воведат регрутирање на жени во армијата, како и да го продолжат времетраењето на воената служба, пренесува Би-би-си. Регрутацијата на жени, според прогнозите на данската влада е планирана да се воведе од 2026 година.

Така Данска, како што пишува Би-би-си, ќе стане трета европска земја, заедно со Норвешка и Шведска, која ќе воведе задолжителен воен рок за жените.

Планот е во следните пет години Данска да го зголеми буџетот за одбрана за околу шест милијарди долари, со што треба да се исполнат целите на НАТО-алијансата.

Презентирајќи ги воените реформи, данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека владата се стреми да постигне целосна родова еднаквост.

„Ние не се вооружуваме затоа што сакаме војна, туку затоа што сакаме да ја избегнеме“, вели таа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button