ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска беа погребани загинатите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија

Аднан Ќаили

Денеска беа погребани загинатите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија. 10 дена по трагедијата, посмртните останки беа донесени во земјава со два бугарски воени авиони, кои со државен протокол беа пречекани од претседателската гарда.

По високите почести на скопскиот аеродром, ковчезите со починатите беа  предадени на семејствата за погребната церемонија. Покрај државниот врв на пречекот присуствуваа и претседателката на Косово Вјоса Османи и претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола. Роднините, иако во голема болка за загубата на нивните роднини, велат  дека ќе побараат одговорност за трагедијата.

Од оваа трагедија најмногу настрадаа семејствата од Моране и Студеничани каде денеска се погребани 14 нивни членови. Илјадници граѓани дојдоа на погребот, да се простат од нив.

 Иако беше кажано од властите дека погребната поворка да помине преку булеварот до плоштадот „Скендербег“ во Скопје, каде што граѓаните ќе можеа да дојдат да изразат сочувство и да остават цвеќе, членовите на семејствата одбија и побараа тие да бидат погребани што поскоро според исламска верска церемонија. Тие што излегоа да им оддадат почит на жртвите порачаа дека оваа трагедија треба да биде аларм за државата да го расчисти случајот.

„Трагедијата е голема катастрофа, да не се заборави. Да даде Господ, тоа никогаш да не му се случи на албанскиот народ, ова да е последно. Но, ете често ни се случува нас“.

„Ова е голема трагедија, голема болка, без разлика од која нација или вера се, треба да ги жали овој народ“.

„Ова е голема трагедија, голема болка, без разлика од која нација или вера се, треба да ги жали овој народ“.

„Нема поголема болка, Господ да ги награди со Рај. Излеговме затоа што и нам ни е тешко, мислам како да го да ми се случило мене тоа што се случи. Од едно семејство 12 лица починаа, мајка со две деца близнаци, многу тежок случај“.

Погреби имаше и во Слупчане, Куманово и Тетово. Останатите жртви се очекува да бидат погребани утре со верски обреди во нивните родни места. Во меѓувреме, во Софија продолжува истрагата за причините за трагедијата, каде од судирот во банкината автобусот се запали и 45 лица загинаа, меѓу кои и 12 деца. Свои искази дале 7 преживеани и врз основа на техничкото вештачење било констатирано дека смртта на починатите настанала од пожарот. Предистражна постапка води и скопското обвинителство за фирмата „Беса транс“ чија сопственост беше автобусот кој се враќал од Турција. Сè уште остануваат необјаснети околностите за најтешката сообраќајна трагедија во Европа во последните години.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button