ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денот на рибарите во Охрид утре нема да се одржи

Неколку илјади граѓани во Охрид го проследија чинот на фрлање на светиот крст во студентите води на Охридското езеро, кај градското пристаниште. Помеѓу стотината капачи најбрз беше, 25 годишниот, Мартин Гоџоски од населбата Варош.

„Се капам од седум-осум години. По крстот одам веќе десет години. Голема желба ми беже да го фатам барем еднаш во мојот живот, еве тоа се случи. Се чувствувам прекрасно. Се надевам дека ќе ми донесе многу голема среќа, благосостојба во фамилијата“, рече Гоџоски.

И покрај новиот бран на Ковид 19 и драстичниот број на заразени со омикрон сојот, речиси никој не носеше заштитни маски, а невозможно беше да се одржи и социјална дистанца и покрај апелите на здравствените работници од Охрид, да се носи маска и да се избегнуваат поголеми гужви.

„Традицијата годинава повторно продолжува и покрај она што е генерален проблем, како ковид кризата во Македонија, така и на светско ниво. Но, собравме сили го организиравме оваа година и се надевам од наредната година, во уште понормални услови, оваа манифестација ќе се одвива“, изјави Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Покрај охриѓани, имаше и гости од други градови.

„…Денеска за Водици сум првпат и за првпат влегувам во Охридското езеро на Водици. Од Тетово сум“, вели еден посетител од Тетово.

Поради студеното време екипите на Црвениот крст и лекарите имаа неколку помали интервенции поради премрзнатост, три во вода и една надвор. Инаку, утрешниот Ден на рибарите, кога традиционално се подготвува рибја чорба и се скока по буриња со вино во езерото, годинава нема да се одржи, поради пандемијата.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button