ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дигиталните книги во училиштето во Сарај – апстрактен поим

„Освен книга, тетратката, кредата и таблата, немаме ништо друго. Немаме ниту лаптоп, ниту таблет, а немаме ниту интернет“.

 

Со овие неколку зборови, наставничката Ѓилсере Ливарека ја опишува моменталната состојба во подрачното основно училиште „Сами Фрашери“ во селото Матка во општина Сарај. Таа рече дека спроведувањето на новиот концепт за образование е целосен неуспех во ова училиште. Како што рече Ливарека, наставата станува уште потешка бидејќи таа предава во комбинирана паралелка од прво, второ и петто одделение.

„Мислам дека ниту еден процент не може да се реализира таа наставна програма. Треба да бидете многу внимателни, исто така и децата се многу дефокусирани, прашуваат: учителке, дали ми кажавте мене или на другиот клас, минутите минуваат многу брзо и е малку потешко. Знам дека и на децата им е здодевно од такви часови, но поради условите се трудам најдобро да обоиме нешто, да работам нешто од книгата и тетратката, со условите што ги имаме “.

„Сакам да ги имам сите добри работи. Клупата не е многу добра. Сакам да имам прибор за училиште. Тука  имаме само книга и тетратка.

„Ние треба да се концентрираме на нашите часови, тие прашуваат нешто за да научат. Понекогаш ни се мешаат и задачите“.

Она што го прави ова училиште посебно е училницата со две табли. И во училницата на наставник Сеадин Сулејмани има комбинирани ученици од трето и четврто одделение.

„Алтин, ти треба да учиш со дигитални книги, нели? -Да. И со што учиш сега? Со фотокопирани книги. Дали си ги фотокопирал сите книги? -Да. Немаме услови за лаптоп. Немаме за да купиме, дали да се купи за брат ми, за сестра ми или за мене?

„Сакам да биде поубаво, да има добри услови. Зимата е потешка, понекогаш станува постудено и кога врне, прокиснува и внатре“.

 „Многу е тешко, едниот клас бара различни услови, а другиот други. Ги имаме сите книги фотокипирани, учениците немаат таблети, според условите. Прво се фокусирам на трето одделение, ги организирам потоа одам со четврто одделение. Децата се збунети, некој од трето одделение одговара на прашањата од четврто одделение. Во ова училиште нема услови, тоа е“.

Во подрачното училиште „Сами Фрашери“ од село Матка има вкупно 26 ученици. Потоа, тие со настава продолжуваат во централното училиште во село Глумово. Покрај недостатокот на училишен прибор, училишната зграда исто така е стара и оштетена.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button