ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димовски в петок ќе реферира за улогата на АНБ при доделување македонско државјанство на Онишченко

Утре ќе се одржи седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) со дневен ред: Улогата на Агенцијата за национална безбедност во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето позитивно мислење за добивање македонско државјанство, но директорот на АНБ, Виктор Димовски, ќе реферира пред комисијата в петок, информира за МИА претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов.

Пренџов очекува пратениците од владејачкото мнозинство да присуствуваат на седницата утре и на продолжението в петок.

Пренџов вчера кажа дека Димовски е најповикан да одговори за издавањето пасош на украинскиот државјанин кој е баран во неговата земја и е на црната американска листа.

„Тој е најповикан да одговори. Лично сум многу загрижен во врска со издавањето на македонски државјанства и на македонски пасоши. Веќе имам чувство дека секој втор криминалец има во џебот македонски пасош и според мене сметам дека тоа е сериозен предизвик и аномалија во безбедносниот сектор во државата“, рече Пренџов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button