ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Доцнат инфраструктурните проекти на власта

Владата ги помина сите рокови кои ги ветуваше за подобрување на инфраструктурната во земјава. Бизнисот е револтиран поради несериозниот пристап на надлежните во однос на решавање на еден од клучните проблеми на стопанството. Високиот процент со кој власта се фали за реализација на капиталните проекти не дава резултати, велат од Стопанската комора. Тие денеска по втор пат побараа одговорност од Владата за доцнењето и одлагањето на проекти од патната и железничката инфраструктура.

„Бараме да се понесе одговорност за нереализација на проектите коишто се клучни за македонската економија бидејќи стопанството премногу долго чека на нивна целосна завршница. До 2030 година да се подобри целата инфраструктура да се осовременат индустриите сè со цел истите да станат одржливи преку зголемена ефикасност во користењето на ресурсите“, рече Јелисавета Георгиева Јовевска, Стопанска комора.

Од Програмата за развој на Обединетите нации, УНДП, кои со години помагаат во развојот на државата велат дека нивните анализи покажуваат дека итно се потребни подобруваа на патната и железничката инфраструктура, бидејќи тоа ќе придонесе за целокупен раст на економијата.

„Децентрализацијата треба да биде еден од клучните реформски процеси во државата, бидејќи има суштинско значење за креирањето просперитетни општини кои ќе може да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните и да бидат партнер од доверба на бизнис заедницата“, рече Армен Григорјан, УНДП.

Во програмата на Владата повторно е ставена пругата кон Бугарија, проект кој со децении стагнира. Со години доцнат автопатите од Кичево до Охрид и Скопје – Блаце. Доцнењето на проектите од патната инфраструктура е нотирано и во последниот Извештај на Европската комисија за реформскиот напредок на државата, а за бавната динамика предупредува и Државната ревизија.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button