СПОРТ

Дрита Ислами постави нов национален рекорд на 400 метри со пречки

Една од најдобрите атлетичарки на Македонија, Дрита Ислами постави нов национален рекорд на 400 метри со пречки, како дел од натпреварувањата на Европскиот екипен шампионат на Третата лига, што во моментов се одржува во Лимасол. Ислами го освои првото место минувајќи 400 метри со пречки за 57,53 секунди, со што го подобри своето најдобро национално време за речиси една секунда. Овој резултат и донесе 1.000 бода во рангирањето на светските спортисти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button