ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Потполковникот заразен со ковид утрово пристигна од Централноафриканската Република во земјава

инистерката за одбрана Радмила Шекеринска информира дека рано утрово од Централноафриканската Република пристигна потполковникот, кој е позитивен на ковид-19. Тој се чувствува добро, добро го поднесе летот и е сместен на Инфективната клиника, напиша Шекеринска на Фејсбук.

„Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ нè информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и е стабилен“, додаде министерката.

Потполковникот на Армијата, кој учествуваше во европската мисија во Централноафриканската Република, беше донесен со медицинска евакуација откако беше тестиран позитивен за коронавирус.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button