РАКОМЕТСПОРТ

Дуел за престиж, Колштад фаворит против Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечерва ќе се прости од Лигата на Шампионите и ќе го одигра последниот натпревар од кам-бекот во европската ракометна елита. Битолчани по пауза од скоро две децении конечно дочекаа нивниот сакан клуб да заигра со најдобрите во светот, но за жал, барем до вечерва, „Зелено-белите“ не ги испорачаа она што се очекуваше од нив и во пресрет на последните 60 минути сè уште се без освоен бод.

Скорот од тринаесет порази од исто толку натпревари секако дека никој не ги посакуваше, но пелистерци во неколку наврати покажаа дека можат да се носат со гиганти како Кил, ПСЖ, Алброг, Кјелце, ПИК Сегед. Сепак, тоа не беше доволно за освојување на барем еден бод.

Пелистер тој впечаток ќе проба да го поправи вечерва на гостувањето кај тимот на Колштад. И норвешкиот шампион, кој е оставен од ѕвезди како Сагосен, Бергеруд и Род, не го покажа она што се очекуваше од него и својата дебитантска сезона во ЛШ ја заврши порано од очекуваното. Колштад веќе нема шанси за елиминациона фаза, па дуелот против нашиот шампион ќе го одигра за престиж.

На нивното прво соочува во Битола, норвешкиот тим извојува убедлива победа од 22-31. Вечерашното соочување е закажано за од 18:45 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button