МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Пролонгирање на самопопишувањето е правилна и правична одлука

Демократската Унија за Интеграција ја известува јавноста дека предлогот за пролонгирање на онлајн регистрацијата на дијаспората од 1 март до 30 септември го помага процесот на Попис и обезбедува дополнителни можности за регистрација на целата наша дијаспора.

Исто така, имајќи го во предвид бојкотот на опозицијата, нивното оспорување на процесот на попис, блокадата на собранието, започнувањето на вакцинацијата и имунизацијата на населението, како и јавното здравје, пролонгирањето на Пописот за резидентните жители на Република Северна Македонија од месец април до месец септември оваа година претставува правилна и правична одлука.

Контрадикторните реакции на албанската опозиција зборуваат за нивната недоследност и искреност кон граѓаните.

Албанската опозиција (Алијанса за Албанците и Алтернатива) манипулираат со чувствата на Албанците од Република Северна Македонија и нашата дијаспора за профитирање на дневни политички поени, се вели меѓудругото во соопштението од ДУИ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button