СВЕТ

Две лица загинаа во торнадото во САД, некои од домовите срамнети со земјата

Две лица загинаа во торнадото во САД, некои од домовите срамнети со земјата

Две лица загинаа, а најмалку 39 се повредени во торнадо што ги погоди американските сојузни држави Индијана, Охајо и Арканзас, соопштија денеска официјални лица.

Шерифот на округот Логан, Охајо, Рандал Додс, објави за два смртни случаја во селото Лејквју, каде што торнадото погодило парк со мобилни куќи, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Официјални лица во четвртокот изјавија дека полицијата помага во напорите за пребарување и спасување во Винчестер, Индијана, откога торнадо ја погоди државата.

Началникот на полицијата на Индијана, Даг Картер, на прес-конференција рече дека некои домови во Винчестер се срамнети со земјата.

Вчера, беа пријавени осум торнада низ Охајо, Индијана и Тексас, од кои некои се проценува дека биле широки половина километар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button