КОШАРКАСПОРТ

Двократниот НБА шампион стави крај на 16-годишна играчка кариера

Двократниот НБА шампион Ражон Рондо соопшти дека става крај на исклучително успешната 16-годишна играчка кариера. Рондо остави најдлабока трага во дресот на Бостон Селтикс, а настапуваше и за Далас Маверикс, Сакраменто Кингс, Чикаго Булс, Милвоки Бакс, Лос Анџелес Лејкерс, Атланта Хокс, Лос Анџелес Клиперс и Кливленд Кавалирс.

Рондо во два наврати стигна до шампионски прстен. Тој беше четирикратен Ол-стар и член на најдобрата одбранбена петорка во лигата, додека своевремено беше дел од идеалниот тим на лигата. Покрај тоа, тој беше најдобар асистент во текот на три сезони, а најдобар „крадец“ во една година.

Поранешниот НБА ас е 15-ти на вечната листа на асистенции (во кариерата „наместил“ 7.589 поени), а само тројца други кошаркари во четири различни сезони во просек успеале да постигнат 11 или повеќе асистенции по натпревар. Исто така, Рондо е еден од двајцата играчи кои освоија шампионски титули и со Лејкерси и со Селтикс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button