ВЕСТИЗДРАВСТВО

ДЗР: Новите лекови за цистична фиброза достапни само за 15 пациенти

За набавка на дел од лековите за цистична фиброза која се врши и преку Програмата за лекување на ретки болести во рамки на министерството, за 2022 година и 2023 година обезбедила средства во вкупен износ од 180 350 илјади денари, односно околу 2.9 милиони евра, кои се доволни само за 15 пациенти од 140 регистрирани пациенти, се наведува во ревизорските извештаи на Унивезитетската клиника за детски болести.

Со извршената ревизија утврдено е дека Клиниката за детски болести воедно е и центар за лечење на пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, а дел од нив се лекуваат со лекови кои не се на позитивната листа на лекови за кои се обезбедува условен надоместок од Фондот или пак се набавуваат преку програмата за лечење на ретки болести од Министерство за здравство.

Клиниката за детски болести за набавка на дел од лековите за 2022 година и 2023 година обезбедила средства во вкупен износ од 180 350 илјади денари, односно околу 2,9 милиони евра. Обезбедениот износ е доволен за набавка на терапија само за 15 пациенти, се вели во извештајот на ДЗР, додека согласно приложената документација, регистрирани се помеѓу 130 и 140 пациенти кои боледуваат од цистична фиброза.

„Ненавлегувајќи во медицинската исправност на одлуките на докторите и не оспорувајќи ја потребата од вклучување на пациентите на соодветна терапија, состојбата со ограничен буџет и ограничен број на пациенти на кои им се дава терапијата, доведува до постоење на ризик од субјективизам при изборот на пациенти кои ќе бидат вклучени на терапија“, се наведува во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button