ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Еден голем дефект во РЕК Битола зимава и „ојдовме јабана“

Еден голем дефект во РЕК Битола зимава и „ојдовме јабана“

Четири милијарди киловат часови струја оваа година треба да обезбеди ЕСМ за граѓаните да бидат сигурни дека ќе има непречена испорака на електрична енергија. Ако ова државава не успее да го направи тоа од сопствените капацитети, ќе биде драматично, велат надлежните. شرح لعبة بلاك جاك Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски за Алсат вели дека во спротивно ќе треба потребното количество да се купува по екстремно високи пазарни цени.

„Како што се најавува, ЕСМ треба да произведе, според нивните планови, до крајот на годинава да има четири милијарди киловат часови, бидејќи ако ЕСМ произведе три милијарди и 700 или 800 милиони киловат часови, тогаш имаме проблем“, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

За да се обезбеди потребното количество на струја потребно е да бидат во функција сите електрани во земјава и тоа да работат во „полна пареа“. Од ЕСМ, за Алсат велат дека прво следуваат ремонти во РЕК Битола и во термоелектраните Осломеј и Неготино.

„Најнеопходни ремонтни активности на Блок 1 во Битола ќе имаме почнувајќи од 20. العاب كازينو مجاني 09, па во наредните 25 дена. После тоа истото ќе го направиме и со Блок 2. Во текот на ноември планиран е еден месец застој на ТЕ Осломеј за да се отстранат сите појавени дефекти и недостатоци во текот на работата со цел подоверлива работа во екот на грејната сезона. ТЕЦ Неготино е во планиран застој од 12.09. до 22.09, период кога ќе се направат најнеопходни санации“, велат од ЕСМ. العاب القمار اون لاين

ЕСМ – ПЛАНИРАНИ РЕМОНТИ
Блок 1 и Блок 2 во РЕК Битола после 20 септември
Ремонт во ТЕЦ Неготино од 12 септември
Во ноември ремонт во ТЕЦ Осломеј

Во последните години речиси секогаш кога во текот на зимските месеци беа вклучени повеќето енергетските производствени капацитети, се случуваа хаварии и со денови дел од нив не функционираа. За оваа година надлежните велат дека планираното зголемено производство од 25 отсто во однос на ланската година би било реалност само ако не дојде до хаварија, пред сè во некој од блоковите во Битола./Alsat.mk

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button