ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Едно лице загина во судир на четири возила кај Гевгелија

Едно лице загина во судир на четири возила кај Гевгелија

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци. Во сообраќајката учествувале четири патнички возила, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Алексaндра Трајанова.

„Во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила – две марка “мерцедес”, “опел корса” и “хјундаи”. Во несреќата на самото место починал возач на едно од возилата. Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на Полициската станица Гевгелија“, изјави Трајанова.

Поради сообраќајката, регионалниот пат Богданци – Гевгелија е во прекин во двата правци, а сообраќајот се пренасочува преку с.Богородица.На терен ТППЕ Гевгелиија е излезена со едно противпожарно возило и 3 пожарникари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button