ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕУ согласна да помогне за решение, Скопје со умерени очекувања дека тоа е можно за француското претседавање

Меѓу членките на ЕУ постои согласност дека треба да се помогне во изнаоѓање начин и решение за спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, бидејќи процесот на проширување се повеќе станува и безбедносно прашање, смета амбасадорката на Германија Анке Холштајн. Во Скопје умерен оптимизам за исчекор во процесот на пристапување во ЕУ за време на француското претседавање со ЕУ.

– Водечка улога во ЕУ во моментов има Франција, која што претседава со Европската Унија. Но, сите ние сме согласни во тоа дека треба да помогнеме да се најде начин и решение кое што ќе биде добро и за Северна Македонија и за Бугарија, нагласи Холштајн во одговор на новинарско прашање дали Германија има некаков план да помогне за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button