ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Еве што вели Мицкоски за можното коалицирање на Алијанса во власта

Тоа е јавна тајна дека се преговара за влез во владата, и не е нешто кое што нас не изненадува, за тоа се зборува недели наназад. Но, јас сум кажал дека секоја политичка партија има свое автономно и автохтоно одлучување, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако денеска медиумите информираат за средба помеѓу Арбен Таравари в.д претседател на Алијанса за Албанците и Димитар Ковачевски за можен влез на Алијанса во влада.

На коментарот дека единствени политички партии во опозицијата ќе останат ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА и Левица, Мицкоски рече дека ова е доволна порака за граѓаните како да постапуваат за следните парламентарни избори, посочувајќи дека тој очекува политиките на владата да бидат девастирани од народот.

„Тоа е доволна порака до граѓаните како да постапуваат за следните парламентарни избори. Ако го имате СДСМ како малцински фактор во владата кој што се ќе направи за да остане ден повеќе за да може да поминат неколку тендери во четири очи, за да може повеќе да краде, за да може повеќе да се уживаат привилегиите и да се создаваат вакви паразити за кои што објавуваме деновиве, тогаш единствен суверен за да го спречи тоа, покрај ние политичарите во опозицијата, е народот. И на следите парламентарни избори јас очекувам да бидат девастирани политиките на оваа влада предводена од СДСМ“, потенцираше тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button