ЕКОНОМИЈА

ЕВН ХОУМ или Универзалниот снабдувач со електрична енергија го објави тендерот за набавка на струја со која ќе треба да ги снабдува граѓаните во следните шест месеци

ЕВН ХОУМ или Универзалниот снабдувач со електрична енергија го објави тендерот за набавка на струја со која ќе треба да ги снабдува граѓаните во следните шест месеци. Според информациите, аукцијата ќе се случи во четврток и тогаш ќе се знае која ќе биде понудата на државната ЕСМ, која има обврска да обезбеди 70 отсто од потребните количини на електрична енергија за следната година. А токму понудената цена на ЕСМ на тендерот ќе биде и клучно за новата цена на струјата која ќе важи од први август. Во меѓувреме, Регулаторната Комисија за Енергетика  ги прави последните анализи за тоа што ќе биде прифатено од барањата на останатите фирми од енергетскиот сектор МЕПСО И Електродистрибуција. Дали граѓаните ќе плаќаат поскапа или поевтина  струја ќе се знае најдоцна за десет дена. Лани електричната енергија поскапе за 4 насто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button