ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Вакцинацијата против ковид-19 почнува наскоро со кинеските вакцини

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска информираше дека вакцинацијата против ковид-19 во земјава ќе почне со кинеските вакцини за чија набавка разговорите се во завршна фаза. Според него, се работи за 200.000 вакцини за кои транспортот ќе го организира Министерството за здравство, но додаде дека не сака да шпекулира со точниот датум кога вакцините ќе пристигнат, иако нагласи дека тоа ќе биде многу скоро.

Министерот рече дека први за вакцинација ќе бидат здравствените работници, по што ќе следуваат и сите други категории граѓани. Набавката е преку директно договарање со кинеската компанија и Министерството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button