ВЕСТИЗДРАВСТВО

ФЗОМ вината за „Лео“ је префрла врз Клиниката за трауматологија

Фондот за здравство вината за негативното мислење за лекувањето на 17-годишниот Леонид во странство ја префрла на Клиниката за трауматологија и ортопедија. Според Фондот, тие немале јасно наведено каков третман му е потребен на Лео, така што првостепената комисија не дала согласност.

„Оваа клиника, тие експерти, специјалисти од оваа клиника треба посебно да потенцираат која е конкретната медицинска интервенција. Ова е многу општо и не е можно да се заклучи која интервенција им е потребна. Затоа колегите, се обративме повторно во клиниката за да поставиме прашања. И покрај ова барање, добивме одговор од клиниката Toariluc кој повторно не е концизен, не е конкретен и повторно не наведува која е интервенцијата што треба да се направи. Во таква ситуација кога недостасуваат суштинските елементи, до одреден степен и лекарската комисија е ставена во лоша ситуација“, вели Магдалена Грашкоска Филипоска, Фонд за здравствено осигурување.

Родителите на Леонид имаат право на жалба против првостепената одлука на комисијата, објаснуваат од Фондот. Филипоска вели дека доколку имаат дополнителна медицинска документација, имаат право да се обратат до второстепената комисија. Во меѓувреме, заменик-министерката за здравство рече дека родителите на Леонид не добиле мислење од надлежна институција во врска со испраќањето на Леонид надвор од земјата. Прво требало да се исцрпат сите можности што ги нуди здравствениот систем во земјава.

Семејството на Леонид инсистира Фондот да ја смени одлуката, бидејќи ако имало можност тој да се лекува тука, воопшто немало да се одлучат за Австрија. Само пред две недели, здравствените власти, како и високи претставници на МВР, снимија видео со кое се фалеа дека младото момче е првиот пациент од С Македонија, испратен со хеликоптер на лекување во странство. Лео доживеа тешка сообраќајна несреќа во Грција минатото лето. Заврши со сериозни скршеници, а првично бил лекуван во солунската болница.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button