ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гаши кажа за што ќе се разговара на средбата со Заев

Гаши и Заев на денешната средба нема да разговарале за министерските ресори туку само ќе ги претставеле концептите, изјави лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во изјавата за медиумите непосредно пред почетокот на средбата.

„Ќе видиме дали премиерот и неговите партнери.., каков е нивниот концепт и што очекуваат како наш придонес во идната влада. Ако успееме да изградиме нов концепт, поголеми промени, мислам дека Алтернатива е подготвена да помогне“, рече Гаши.

Како што додаде тој, за партијата којашто ја предводи распределбата на министерските места не е суштествен.

„…важно е да разговараме за политичките критериуми, па потоа, тоа е втор дел, што е секундарен за нас и многу понебитен од првиот, кој е нормативен, околу заедничкиот концепт“, рече Гаши.

Ова е втора средба на Заев и Гаши, откако на 19-ти месецов тие разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button