ВЕСТИСВЕТ

Германија беше предупредена, требаше да им кажат на луѓето…тврди британски хидролог

Германските власти беа предупредени на опасност од големи поплави, но не реагираа, тврди британскиот експерт за поплави Хана Клок.

Професорка по хидрологија на Универзитетот во Ридинг за „Тајмс“ изјави дека европскиот систем за рано предупредување од поплави – „Ефас“, издаде предупредување за Германија пред четири дена.

Според неа, германските власти добиле детален дијаграм и им било покажано кои области се загрозени.

„Добија предупредување и требаше да ги разберат и предупредат граѓаните“, вели Клок.

Како што пренесува Тајм, првите знаци за можна катастрофа биле регистрирани пред девет дена од сателит што орбитира на околу 500 милји над ридови кај реката Рајна.

Во текот на следните неколку дена, тим научници им испрати на германските власти серија предвидувања,  толку точни што сега изгледаат како пророштво: Рајнска област е во опасност да биде погодена од „екстремни“ поплавуви, особено покрај реките Ерфт и Ар и во градовите како што се Хаген и Алтена.

Сепак и покрај најмалку 24-часовното прецизно предупредување поплавата однесе многу жртви, во голема мера несвесни за опасноста.

Фактот дека граѓаните не беа евакуирани или не добија предупредување покажува дека нешто тргнало наопаку, вели таа. Клок оцени дека станува збор за „монументален пропуст на германските власти“, вели Клок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button