ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тајна е колку ќе го чини буџетот испраќањето економски советници во странство

За Владата не е важно колку ќе чинат економските советници испратени ширум светот, туку колку значајни инвестиции ќе донесат во земјава. Минстерот за надворешни работи Бујар Османи не открива колку точно пари е планирано да се одлеат од државната каса за советниците, туку дека ќе се плаќаат како и сите дипломати во зависност од земјата во која одат. Списокот за економски советници се прошири за плус петмина. Тројца од нив ќе бидат предложени од Министерството за економија, за кои ќе следи интерен оглас во ова министерство.

„Сите ќе имаат можност да ги покажат нивните способности во делот на тоа што се барањата во делот на МНР и економија. Ја наведов важноста од Светска трговска организација а дополнително и во Брисел секако тоа треба да бидат професионалци кои работат на таа тематика во економија и досега ги покривале овие важни организации“

Еден економски советник ќе испрати и Министерството за земјоделство во седиштето на Светската организација на храна во Рим.

„Постапката кај нас е направена, спроведена и завршена и избрана е Лидија Поп Андонова таа ќе биде пратена, секако дека времето како ќе одат постапките е во надлежност на МНР, но верувам дека во најскоро време ќе имаме човек кој после 17 години ќе се претставува во една ваква мисија“

Алсат побара одговор од МНР колкав е трошокот за еден дипломат испратен во некоја од земјите каде се планира да се испратат и економските советници, но до овој момент немаме одговор. Економските советници ќе имаат мандат од една година со можност за продолжување доколку по направената анализа  МНР утврди дека успешно сработеле во земјата во која се испратени.

Andrea Çobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button