МАКЕДОНИЈА

Германската државна министерка за Европа во посета на Скопје

Германската државна министерка за Европа Ана Лирман денеска ќе ја посети Северна Македонија, соопшти македонската влада. Според соопштението, „фокусот на разговорите ќе биде ставен врз билатералните односи меѓу Северна Македонија и Германија, економските и политичките прашања и европската перспектива“.

Се прецизира дека владина делегација предводена од премиерот прво ќе се сретне со Лирман, по што ќе има две билатерални средби – со вицепремиерот за евроинтеграции и со министерот за надворешни работи. Лирман ќе биде примена и од шефот на државата Стево Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button