СПОРТФУДБАЛ

Гостивар се засили со Ѓорѓиев и со Мујезиновиќ

Новиот македонски прволигаш Гостивар стартуваше со засилувања за елитата. Нови фудбалери на тимот на Гостивар се Пепи Ѓорѓиев и Мустафа Мујезиновиќ. Со тоа гостиварци се засилуваат на позициите во средниот ред и во нападот. Ново име е и Зехрудин Мехмедовиќ.

Мујезиновиќ го раскина договорот со Шкендија и веднаш ја прифати понудата на Гостивар, додека Пепи Ѓорѓиев доаѓа од тимот на Шкупи каде и не се наигра.

Гостивар објави дека го продолжил договорите и со 12 фудбалери од минатата сезона, иако имаше и многу разделби. Во тимот останаа Рејан Абази, Емран Рамадани, Бујар Абази, Андреј Кировски, Фисник Зука, Амир Јашар, Ринор Ајдини, Фахрудин Ѓурѓевиќ, Рушту Јонуз, Стојан Стојчевски, Ѓорѓи Танушев и Енис Дервиши./Makfudbal/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button