ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Град Скопје го одбележува денот без автомобили

Градот Скопје, денеска ќе организира Ден без автомобили под мотото „Улици за луѓе“. За таа цел, улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром ќе биде затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот. На потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата Владимир Комаров ќе се случуваат различни културни активности за возрасните, но и за најмладите.

-Организирањето ваков ден без автомобили може да биде одличен пример за насоката во која што се движи Градот, со цел промоција на политиките за креирање одржлив сообраќаен систем, но и да даде можност граѓаните активно да се вклучат и да ги почувствуваат придобивките од хуманизацијата на урбаниот простор,велат од Град Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button