ЗДРАВСТВО

Грипот зема замав, еве во кои градови има најмногу случаи

Во текот на шеста недела од 2024 година, од 05 до 11 февруари), во земјава се пријавени 1.875 случаи на групни пријави за заболени од грип- заболувања слични на грип. Тоа претставува 13,4 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со шеста недела од минатата сезона, е зголемен за 2,7 пати, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Во текот на шеста извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ – РСМ, пристигнаа 56 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се 12 позитивни случаи на Influenza: 11 Influenza А(H1)pdm09 и 1 Influenza А – несубтипизиран. Регистриран е еден пациент со SARS-CoV-2, пишува во извештајот.

Во пет извештајни единици кои пријавиле случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во 11 сезонска, во 10 средна, во Ресен – висока и во две – Кавадарци и Кратово – многу висока активност на вирусот на грип.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button