ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Груби – Гир: Нема простор за евроскептицизам

Безрезервната поддршка што Европската Унија и ја дава на Северна Македонија во процесите на развој и интеграција, посветеноста на Владата за понатамошното унапредување на реформските процеси, политиките на дијалог и стратешките цели на државата, биле дел од разговорот за време на средбата на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби со евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир.

Двајцата соговорници на крајот од оваа средба се согласиле дека треба да се вложат максимални напори за да се постигне единствената и непоколеблива цел на Северна Македонија за интеграција во Европската Унија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button