ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Груби: Заедно со соседите ги надминуваме пречките за да се „укотвиме“ на „пристаништето“ на ЕУ

Груби: Заедно со соседите ги надминуваме пречките за да се „укотвиме“ на „пристаништето“ на ЕУ

Во рамки на Преспа форумот за дијалог се одржа сесија насловена “Европскиот мировен проект во Западен Балкан”, чиј домаќин беше Првиот заменик претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби.

“Денешниот форум се одржува во клучни околности за привршување на нашиот пат на помирување, во последните денови од билатералниот дијалог, кој повторно го олеснуваат поддржувачите на нашата земја”, рече меѓу другото Груби.

Тој истакна дека верува дека од следната година ќе ги здружиме силите со Министерството за Надворешни Работи и преку ребрендирање на форумот во “Peace Forum Dialogue“ ќе ги вклучиме во една заедничка конференција и рефлексиите за Охридскиот договор, со надеж дека дотогаш ќе го имаме заокружен и договорот за добрососедство со Бугарија.

“Сето ова ќе ја заокружи успешната приказна наречена Македонија вчера, Северна Македонија денес. Таа успешна приказна извира од нашата конечна определба за помирување. Помирување во земјата, помеѓу нас, помирување во регионот, со соседите и со нула отворени прашања со нив, помирување во поширокиот регион и помирување со семејството на кое припаѓаме, евроамериканското, евроатлантското.Само што одлучивме да ја подадеме раката на помирување, почнавме да ги исполнуваме вредностите на еднаквоста”, изјави Груби.

Тој додаде дека минатата година заедно ја одбележавме 20-годишнината од Охридскиот договор, како заеднички успех на двете најголеми заедници заедно со помалите заедници и меѓународната заедница. Оваа година целиме културата на помирување, решавање конфликти, градење мир да ја претвориме во Школо за млади лидери со цел да го етаблираме нашиот пример како уникатен и извозник на соживотот и просперитетот.

“Но, нашето патување на помирување не завршува тука.Го потпишавме Договорот од Преспа изменувајќи го Уставот и на светот му покажавме најдобар пример за миротворство, модел на решавање на сите спорови.Раката на помирување со пријателската земја Грција ни ги отвори вратите на НАТО и веќе на патот кон Европската Унија воспоставивме одржливи пријателства”, изјави Груби.

Тој наведе дека денешниот форум се одржува во клучини околности за привршување на нашето патување на помирување, во последните денови од билатералниот дијалог, кој повторно го олеснуваат поддржувачите на нашата земја.

Во спорот со соседна Бугарија правиме се што е во наша моќ да ги усогласиме нашите позиции и да го одблокираме нашиот пат на интеграција преку ново пријателство.

Нашата земја е раскрсница на Западен Балкан, три од правците на оваа раскрсница се изградени и се проодни со правилни насоки, и онаа на Охридскиот договор, и онаа од Преспа, и онаа на автокефалноста, остана да биде успешно завршена само и четвртиот правец на добрососедството кој ќе не однесе дома, во Брисел, додаде Груби./Makfax

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button