ВЕСТИРЕГИОН

Хрватска – Уапсен министерот Хорват, под истрага и неколку членови на владата

Полицијата во соработка со УСКОК утрово изврши претрес во куќата на хрватскиот министер за градежништво, просторно планирање и државен имот Дарко Хорват во Меѓумурје. Истрагите се поврзани со злоупотреба на службената должност и овластувања. Министерот Хорват денеска е уапсен, а попладне ќе биде сослушан, пренесуваат хрватските медуми.

Според неофицијални информации, станува збор за истраги поради повеќемилионски незаконски дејствија. Истражните органи ја проверуваат вмешаноста на Хорват во злоупотребите за кои се сомничи неговата поранешна помошничка Ана Мандац. УСКОК се сомнева дека таа, на барање на Јосипa Римац, поранешна градоначалничка на Книн, организирала државна помош за претприемачи од Министерството за економија во времето кога го предводел Хорват.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button