СВЕТ

И по 10 години не се знае судбината на летот MH370, се бара нова истрага

И по 10 години не се знае судбината на летот MH370, се бара нова истрага

Малезија бара нова потрага по исчезнатиот лет MH370 на Малезија ерлајнс, објави денеска нејзиниот министер за транспорт, во пресрет на десетгодишнината од сè уште нерешеното исчезнување на тој авион.

Летот MH370, Боинг 777 со 227 патници и дванаесет членови на екипажот, исчезна од радарот за време на летот од Куала Лумпур до Пекинг на 8 март 2014 година.

Малезиските истражители првично не ја исклучија можноста авионот намерно да скршнал од курсот. Неговите останки се појавија на бреговите на Африка и на островите на Индискиот Океан, некои потврдени, а за некои се претпоставува.

Малезискиот министер за транспорт, Ентони Лок, рече дека американската компанија за истражување Ocean Infinity била поканета да разговара за нејзиниот последен предлог, по двата неуспешни претходни.

„Малезиската влада е посветена на потрагата и таа мора да продолжи“, рече Лок на церемонијата по повод трагедијата во неделата.

Куала Лумпур веќе го ангажираше Ocean Infinity во 2018 година за пребарување на јужниот дел на Индискиот Океан, нудејќи и на американската компанија 70 милиони долари доколку го најде авионот. Малезија, Кина и Австралија претходно ја прекинаа двегодишната потрага од 130 милиони долари во јануари 2017 година.

Лок најави дека Малезија ќе разговара за соработка со Австралија за продолжување на потрагата откако предлогот на американската компанија ќе добие зелено светло од малезиската влада. На летот имало повеќе од 150 кинески патници, а нивните роднини бараат отштета од Малезија ерлајнс, Боинг, производителот на неговиот мотор Ролс Ројс и осигурителната компанија Алијанц.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button