ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фабриката за електрични автомобили, само на хартија

Фабриката за електрични автомобили, само на хартија

Поминаа речиси две години откако Владата овде во економската зона, во август 2022 година, помпезно најави изградба на фабрика за производство на електрични автомобили, каде, според владините претставници, би се вработиле три до четири илјади луѓе. Фабриката требаше да биде завршена во 2024 година, но како што можете да видите зад мене, овој проект остана само на хартија, додека во реализација, се уште е далеку од отворање.

Директорот на Технолошката- развојна зона, Јован Деспотоски, пред една година го образложи доцнењето на изградбата на фабриката за електрични автомобили со проблемите со градежното земјиште. Сепак, тој најави и дека решението е најдено и дека работите ќе започнат и ќе завршат во предвиденото време. Денеска пак ј вели дека проблемот е меѓу компанијата и комисијата за заштита од конкуренција. Тој потврди дека  уште не е исплатена најавената помош од Владата поради непочнувањето со работа.

Од компанијата Еколог, пак тврдат дека проблемот не лежи во нив, бидејќи навремено ги презеле сите мерки за отпочнување со работа. За овој проект е најавена инвестиција од околу 130 милиони евра, од кои 45 милиони помош од Владата. Челниците  на ДУИ на отворањето на фабриката ветија илјадници работни места./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button