ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кандидатурата на Пендаровски, вечерва ќе биде потврдена на Конгрес на СДСМ

Кандидатурата на Пендаровски, вечерва ќе биде потврдена на Конгрес на СДСМ

Вечерва СДСМ одржува партиски Конгрес на кој се очекува да биде потврдена кандидатурата на актуелниот претседател Стево Пендаровски. По завршувањето на работниот дел најавено е и обраќање на Пендаровски. Претседателот на СДСМ,

Димитар Ковачевски денеска на Осмомартовски марш од Кавадарци истакна дека на Конгресот ќе биде донесена одлука за кандидатура на, како што рече, победникот на претседателските избори за 24 април и осми мај. Пендаровски претходно, кога најави дека ќе влезе во трката за втор мандат, кажа дека изминатите пет години покажал дека претседателот може да биде независен од било кои центри на политичка, или економска моќ во државата, вклучително и во однос на оние кои го поддржале на избори. Според него, тој зад себе има мандат без ниту една стратешка грешка, корупциска афера и случај на непотизам или судир на интереси.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button