ВЕСТИЗАБАВА

Измислил една од најпопуларните игри, а не заработил ниту цент!

Solitaire за Windows е една од најпопуларните компјутерски игри на сите времиња.

Играта наполни 25 години и е дело на Вес Чери, кој во тоа време работел како практикант во Microsoft. Она што ја направи приказната за легендарната игра со карти толку актуелна е тоа што тој не добива никакви пари за создавањето или пак хонорари во некаква форма.

Во моментов Чери е сопственик на Dragon’s Head Cider – фирма што поседува сопствена градина и произведува јаболко на остров, западно од Сиетл.

„Ја создадов играта за Windows 2.1, додека бев практикант во Microsoft во текот на летото во 1988 година. Бев играл слична игра на Mac, па наместо да учам за завршните испити на колеџот, сакав да направам моја сопствена верзија за Windows, раскажува Чери. Во тоа време во Microsoft имаше компанија во компанијата по име Bogus Software. Тоа беше само еден сервер, каде што неколку луѓе си игравме, применувајќи го програмскиот интерфејс на Windows и прикачувавме разни игри. Програмскот менаџер од екипата на Windows ја виде мојата игра и реши да ја вклучи во Windows 3.0. Ми беше кажано јасно дека нема да ми платат за тоа, освен што ќе ми дадат еден компјутер IBM XT. Тогаш немав никаков проблем со тоа и немам проблем и ден денес. Чери создава и Windows верзија на друга популарна игра во минатото со име Pipe Dream. Таа е вклучена во една од софтверските пакети познати како Microsoft Entertainment pack. Чери добива “неколку илјади долари во форма на акции за тоа”.

Ако ги задржел овие акции, дефинитивно сега ќе му се одразеа добро. Microsoft претвори во милионери доста од вработените во 90-тите години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button