МАКЕДОНИЈА

Изречени 121 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17  санкции, 12 за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест за возач почетник, пет прекршоци што ги чинат пешаците,  50 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button