ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изречени пресудите за „Титаник“ – Затворски казни за Мијалков, Тачи, Ибраими, Срцев…

Кривичниот суд – Скопје на сите обвинети во случајот „Титаник 2″, им изрече затворски казни во траење од по две години.

Предметот се однесува на изборни нерегуларности за кои се обвинети поранешниот директор на УЈБ, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и поранешните членови на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска.

Според обвинителниот акт, Мијалков го искористил своето реално влијание и телефонски побарал од Мендух Тачи да влијае врз членот од неговата партија во ДИК да гласа за носење на одлука во полза на партијата ВМРО-ДПМНЕ по приговор за гласањето на избирачкото место 1.727 во Струмица, со што кандидатот Васил Пишев се стекнал со противзаконито право за натамошно учество на изборите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button