МАКЕДОНИЈА

Јазолот во Бугарија може да го отплетка само политичка влада, вели аналитичарот Петковски

Јазолот во Бугарија во врска со проблемот со Македонија може да го отплетка само политичка влада со мандат за тоа прашање, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, политичкиот аналитичар и познавач на приликите во ЕУ, Љупчо Петковски. Запрашан дали би можело да се очекува актуелниот бугарски претседател Румен Радев да биде човекот од кој би можело да се очекува некаков ангажман, Петковски вели:

„Не верувам. Влоговите се кренаа до тоа ниво, што е поважно и атмосферата во општеството се затру до тој степен што мислам дека таков јазол може да отплетка само силна политичка влада што има мандат тоа да го отплетка, така што јас не верувам дека би имало некаков пробив. Практично е невозможно додека Бугарија нема политичка влада“, рече Петковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button