ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Камчев бара судот да му одреди банкарска гаранција или кауција со која би се бранел од слобода или од домашен притвор

Со изведување материјални докази од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацови на Водно“.

Јавната обвинителка Лиле Стефанова ги презентираше нотарски заверки на документи и потврди за плаќања од извршени купопродажби.

Но, на почетокот на денешното рочиште одбраната на обвинетиот Јордан Камчев предложи да се укине мерката притвор или таа да се замени со куќен притвор.

„Имав времен пасош од мај 2019 до ноември 2020 година и го користев 56 пати за службени патувања. Последен пат го користев четири дена пред истекот, за итно патување во Истанбул, за што е информиран и министерот Спасовски. Да сум сакал да бегам, ќе сум бегал“, изјави обвинетиот Камчев.

Според него, обвинителката Стефанова во сите шест барања за промена на определените мерки ги манипулира податоците, за што, рече дека ќе има и посебна постапка против неа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button