ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Камчев си бара назад 1,5 милиони евра од „Рекет“

Боки 13 и Катица Јанева повторно се сретнаа. Овој пат во Граѓанскиот суд. Нив ги тужи бизнисменот Орце Камчев кој си ги бара назад парите од 1,5  милион евра, кој според пресудата, ги дал во случајот  „Рекет“. И покрај тоа што во случајот беше осуден и Зоран Милевски – Кичеец, Камчев одлучи од него пари да не бара.

Боки 13 ги отфрли неговите тврдења и тврди дека пресудата за „Рекет“ не е праведна. Екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, во судот се обиде да докаже дека реченицата „Сè ќе биде океј“ објавена од телефонски разговор, била кажана кога Камчев бил испитуван во својство на оштетен, а не на осомничен. Граѓанската постапка ја води судијата Андреј Димовски, кој на Јанева ѝ кажа дека за неа нема материјални докази оти бара или земала пари од Камчев. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button